ЗА НАС
Адвокат м-р Елизабета Тодорова
ET LAWYERS & Co. е реномирана адвокатска канцеларија за странско право во Австралија, со седиште во Мелбурн, Викторија, која служи за потребите на клиентите низ цела Австралија, особено од Македонската заедница, во врска со нивните правни спорови во согласност со законите на Р.С. Македонија. Адвокатската канцеларија им помага на клиентите, во Австралија, да се запознаат со нивните законски права кои произлегуваат од Македонската законската регулатива, како би можеле да го водат својот правен спор со јасна свест за сите можни опции кои им стојат на располагање, за постигнување на најдобар можен резултат, согласно нивните потреби и цели.
Во ET LAWYERS & Co. се стремиме да изградиме долгорочни односи со нашите клиенти, засновани на доверба, посветеност и професионална етика, како наши вредности. Нашата работа ја работиме со страст, знаење и искуство, нудејќи јасен и одлучувачки правен совет од секој аспект на граѓанското, договорно, семејно, наследно, кривичното, управното, трговското, трудово, пензиско, осигурително, банкарско, даночно и градежно право, усвојувајќи индивидуален и тимски пристап во решавање на правните работи.
За консултација, работиме со продолжено работно време како и за време на викенд.
Телефонски и видео конференции и состаноци се достапни, со закажување.