ОБЛАСТИ НА РАБОТА
Адвокат м-р Елизабета Тодорова
Нашата адвокатска канцеларија нуди правни услуги од сите области на Македонското право и обезбедува квалитетни правни совети и експертиза од широк спектар на правни работи.
Застапуваме клиенти во
граѓански спорови кои произлегуваат од правото на сопственост, владение на имот, службеност, делба на имот, времени мерки при неправилно пренесување и запишување на сопственички права, штети, спорови кои произлегуваат од прекршување на договорните обврски, враќање на долгови, спорови помеѓу закуподавци и закупци, соседски спорови и многу други.
Им помагаме на нашите клиенти во сите спорови кои произлегуваат од
семејното право, вклучувајќи, но не исклучиво на, развод на брак, делба на имот, издршка на малолетни деца, издршка на брачен другар, родителско право, старателство.
Нашата адвокатска канцеларија им помага на наследниците при иницирање и окончување на едноставни и сложени
оставински постапки и пренос на правото на сопственост од оставителот на наследниците, во согласност со Македонските закони.
Нашата адвокатска канцеларија нуди правни услуги од областа на
трговското право, како што се регистрација и спојување на трговски друштва, правни совети во врска со правата, обврските и одговорностите на содружниците и управителите на трговските друштва, постапки за спроведување на ликвидација и стечај на трговски друштва и многу повеќе.
Овозможуваме правно застапување на клиентите пред сите државни органи и институции во Македонија, а доколку сме ангажирани од страна на клиенти погодени од одлуките донесени од тие органи и институции, ги заштитуваме нивните права во
управни спорови.
Обезбедуваме правна помош во сите области на
кривичното право и застапуваме клиенти во кривични постапки започнати поради кривично дело измама, оштетување на имот, провални кражби, да именуваме неколку.
Даваме правни совети и стоиме во заштита на правата на клиентите во случај на
работен спор,
пензиски и споровите од
социјалното осигурување,
банкарски спорови,
даночни спорови или спорови согласно законската регулатива од областа на
осигурителното право и
градежништвото.