ОСНОВАЧ
Адвокат м-р Елизабета Тодорова
ОБРАЗОВАНИЕ
Елизабета Тодорова е Македонски адвокат, кој се наоѓа во Мелбурн, Викторија, основач на ET LAWYERS & Co.
По завршување на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј,” Скопје, Македонија и по положување на правосудниот испит на Министерството за правда, Скопје, Македонија, Елизабета работи како Македонски адвокат од 2004 година.
Со презентирање и аргументирање на магистерската теза на тема
“Убиствата во Република Македонија во периодот на транзиција, со посебен осврт на убиството на миг,” комплетирана со просек од 9,29, Елизабета се стекнува со титулата Магистер по социолошки науки при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј, Институт за социолошки и политичко правни истражувања,” Скопје, Македонија, со што демонстрира вистинска страст за правото.
По нејзиното преселување во Австралија, Елизабета уште еднаш ја докажува својата посветеност и лојалност кон правото, здобивајќи се со својата втора диплома за завршен Правен Факултет при “Универзитетот Викторија,” Мелбурн, Викторија, каде што дипломира со почести. На “Колеџот за правни науки,” Мелбурн, Викторија, Елизабета се здобива со правна обука од областа на Австралиското право, така што во 2020 година е примена во Австралиската правна професија, како Австралиски адвокат на Врховниот суд на Викторија.
Со своето знаење, искуство и образование, Елизабета секогаш се стреми да ги постигне најдобрите можни резултати за своите клиенти, идентификувајќи, приорeтизирајќи и адресирајќи ги нивните интереси.
Елизабета е член на Адвокатската Комора на Р.С. Македонија.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
Професионалното искуство на Елизабета започнува во 1998 година, како адвокатски приправник во адвокатската канцеларија на Г-дин Владо Макаровски, истакнат адвокат од Скопје, Македонија. Во 2004 година, во Скопје, Македонија, Елизабета основа своја адвокатска канцеларија, преку која успешно застапува многу физички и правни лица, пред сите судови во Македонија и други државни органи и институции низ целата земја.
Во Австралија, Елизабета се здобива со понатамошно искуство од правната струка во адвокатската канцеларија JOY POPOVSKA & ASSOCIATES LAWYERS & CONSULTANTS, која адвокатска канцеларија е основана и водена од една од најистакнатите и најпочитувани адвокати во рамките на Македонската заедница во Австралија, каде што Елизабета се стекнува со практични вештини и професионално усовршување од областа на Австралиското право.
Од 2013 година, Елизабета е Австралиски-регистриран странски адвокат, овластен во Австралија да практикува право на Р.С. Македонија, каде успешно застапува клиенти, од цела Австралија, кои имаат правна потреба од областа на Македонското право.